Лук Шо е неизвесен за ЕВРО 2024, откако менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг, изјави дека повредениот лев бек можеби нема да биде подготвен за финалето на ФА Купот следниот викенд.
28-годишниот бек има само 15 настапи во сезоната поради повреди, а неговиот последен настап беше пред три месеци во победата над Лутон.
Враќањето на Шо од последната повреда на мускулот се очекуваше на почетокот на мај, но Тен Хаг откри дека фудбалерот се соочил со некои пречки за време на рехабилитацијата.
„За Англија не можам да кажам, не зависи од мене. Но, за финалето на ФА купот мислам дека Хари Мегваер има добри шанси да биде достапен, а кога е во прашање Лук Шо, тој да речеме дека има многу помали шанси да успее“, изјави Ерик тен Хаг.
Герет Саутгејт до следниот вторник треба да го објави проширениот состав на „трите лава“ за ЕВРО 2024 во Германија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













