Лидерот на табелата во Серија А, тимот на Наполи, ќе биде значително ослабен на претстојното дерби против Милан. Поради повреда, во тимот на „наполитанците“ нема да се појави нигерискиот интернационалец Виктор Осимен кој се повредил на вчерашниот тренинг.
Осимен го истегнал мускулот и ќе мора да мирува најмалку една седмица. Тренерот Спалети се надева дека Осимен ќе може да се опорави до 12. април, кога се игра првиот четвртфинален меч од Лигата на шампионите, исто така против Милан.
Џовани Симеоне треба да биде замената за Виктор Осимен како централен напаѓач во тимот на Наполи.
Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













