
Лидерот на табелата во Серија А, тимот на Наполи, нема да може да смета на еден од своите клучни фудбалери во наредниот месец. Крилниот напаѓач Давид Нерес има повреда на левиот бутен мускул после ремито 1-1 против Удинезе, соопштија од клубот.
Според медиумите во Италија, Бразилецот нема да може да игра во следните 4-5 недели. Тоа значи дека ќе го пропушти дербито со Интер во битката за титулата.
Давид Нерес одигра 24 натпревари од почетокот на сезоната, постигнувајќи четири гола и осум асистенции. Се очекуваше тој да го замени продадениот во ПСЖ, Квича Кварацкелија, во стартниот состав.
Антонио Конте ќе избере меѓу Сирил Нгонг и Џакомо Распадори како стартер во отсутство на Нерес. Новото засилување Ноа Окафор сè уште не е подготвен да започне од првата минута, бидејќи до неодамна се опоравуваше од повреда.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Едиз Спахиу на радарот на Сиваспор

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез
