
Двајца важни играчи на Баерн Минхен, Џошуа Кимих и Томас Милер, се заразени со коронавирус, призна клубот. Тие беа дијагностицирани вчера за време на рутински тестови. И двајцата немаат симптоми и се чувствуваат добро, но изолирани се во своите домови.
Тие беа стартери за тимот во победата од 4-0 над Баер Леверкузен во петокот вечерта.
Карантинот за германските државјани трае пет дена, според важечките здравствени прописи во земјата. Тоа значи дека тие сигурно ќе го пропуштат дуелот со Викторија Плзен во вторник во Лигата на шампионите.
Останува да се види дали Кимих и Милер ќе бидат вклучени во составот на Баварците за дербито со Борусија Дортмунд) следната сабота.
Пред десет дена имаше уште двајца од тимот на Баерн Минхен со Ковид-19, Мануел Нојер и Леон Горецка.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Ливерпул без Алексис Мекалистер против Њукасл
