Баерн Минхен официјално објави дека се разделува со клупските директори Оливер Кан и Хасан Салихамиџиќ. Ова доаѓа и покрај драматичното освојување на единаесеттата титула по ред во Бундес-лигата.
„Оливер Кан веќе не е претседател на бордот на директори на Баерн Минхен. Ќе биде пополнето и местото главен спортски директор на Хасан Салихамиџиќ. Ова го одлучи надзорниот одбор на носителот на титулата во Германија. Кан ќе го замени досегашниот заменик-претседател на одборот, 55-годишниот Јан-Кристијан Дрисен. Сè уште не е одреден наследникот на Хасан Салихамиџиќ“, соопштија од клубот.
Претседателот на Баерн, Херберт Хајнер изјави:
„Одлуката да се разделиме со Оливер Кан не беше нималку лесна за надзорниот одбор. Сепак, поради севкупниот развој, дојдовме до одлука да направиме ново назначување на врвот. Би сакале да му се заблагодариме на Оливер Кан за неговата посветеност, за неговите идеи и за сѐ што постигнавме заедно. Тој секогаш ќе остане голема фигура во Баерн. Му посакуваме се најдобро“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













