
Грчките фудбалски судии, делегати и други функционери најавија бојкот, поради што натпреварувањето во лигата засега е прекинато. Причина за нивниот бојкот, велат, е фактот што работат во опасни услови.
Судиите во Грција се честа цел на напади од навивачите, а некои се обвинети за корупција и учество во местење натпревари.
Минатиот месец во Атина беше нападнат судијата Андреас Гамарис, кој беше гаѓан со запалени кофи со гориво од хулигани. Пред неколку дена неговиот колега Тасос Папапетроу доби смртни закани поради неговите одлуки на еден натпревар. Челниците на Грчкиот фудбалска федерација сѐ уште не се огласиле по ова прашање.
„Грчките и странските судии се постојана цел и жртвени јарци. Добиваме закани, подложени сме на насилство, трпиме напади – физички и вербални – но сето тоа минува неказнето. Затоа решивме да не судиме натпревари, почнувајќи од следниот викенд, додека не ни се обезбедат безбедни услови“, напишаа судиите во отвореното писмо до јавноста.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Едиз Спахиу на радарот на Сиваспор

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез
