Connect with us

Познати сите детали: Меси во ПСЖ ќе заработува 40 милиони евра годишно

Најдобриот светски фудбалер Лионел Меси, ѕвездата на Барселона која посакуваше целата своја кариера да ја мине на „Камп Ноу“, доаѓа во Пари Сен Жермен. Тој ќе потпише двегодишен договор следната недела, со опција за продолжување на соработката за уште една година.


Познати се и сите детали. Меси во дресот на ПСЖ ќе заработува 40 милиони евра и ќе биде најплатен фудбалер, пред Нејмар и пред Килијан Мбапе кои имаат годишна плата од 35 милиони евра. Француските медиуми открија пристига дека ПСЖ ја „изнајми“ Ајфеловата кула за 10 август и дека тогаш ќе биде промовирана најголемата зделка во историјата на фудбалот – Меси ќе пристигне како слободен агент во Париз. Иако Нејмар му ја понуди „десетката“, Лео Меси најверојатно во ПСЖ ќе го носи дресот со број „19“.


Меси сакаше да остане во Барса, беше постигнат договор со клубот, но реализацијата беше спречена од Ла лига бидејќи клубот нема да ги почитува прописите за ограничувања на платата.


Единствен клуб кој во моментов би можел да го доведе Меси без да ги прекрши правилата за финансиски фер -плеј на УЕФА е токму Пари Сен Жермен.


Освојувачот на шест Златни топки, Меси, е слободен играч од 1 јули. Целата кариера ја помина во Барселона, каде дојде како 13-годишник. За каталонскиот клуб одигра 778 натпревари, постигна 672 гола и освои 34 трофеи.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови