Манчестер Сити вчера го победи Лестер (0-1), а во тимот го немаше повредениот Ерлинг Халанд. Гвардиола тврдеше дека Халанд на натпреварот против Борусија Дортмунд е заменет поради настинка, но набрзо се појавија вистински информации, дека всушност се работи за повреда на стапалото.
Веќе следниот ден се појави фотографија од Халанд во болница, а веднаш се појави и страв колку долго одличниот напаѓач ќе биде надвор од теренот. Стравот кај навивачите на Манчестер Сити се зголеми откако Халанд вчера не беше вклучен во тимот за победата против Лестер.
Гвардиола потврди дека нема апсолутно никакви шанси Халанд да се врати на натпреварот од Лигата на шампионите против Севилја. Исто така, шанси речиси и да нема одличниот напаѓач да игра против Фулам во Премиер-лигата следниот викенд.
Пеп Гвардиола не сакаше да открие повеќе од тоа за англиските медиуми, но јасно е дека е загрижен бидејќи прашање е кога Халанд ќе се врати на терените.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













