Connect with us

Последна шанса за Роналдо – да оди во Глазгов Ренџерс!

Не останува уште многу време, а нема ниту клубови кои би сакале да го доведат Кристијано Роналдо. Неговата желба е јасна – нема да игра во Лига Европа, всушност, последен пат кога играше во тоа натпреварување – имаше друго име, а сака да игра во Лигата на шампионите и да продолжи да брка рекорди.


Вчера се појавија информации дека го посакува Олимпик Марсеј, но нивниот проект е нешто поинаков, па Роналдо или ќе мора да остане во Манчестер Јунајтед, или да бара трет клуб.
Тој трет клуб би можел да биде – Глазгов Ренџерс.


Шкотскиот клуб засега срамежливо прашува за потенцијалното доаѓање на Кристијано Роналдо, го сакаат на позајмица на „Ајброкс“, особено што во прашање е доведена иднината на Алфредо Морелос.


Сега се зголемија и апетитите на Глазгов Ренџерс, можеби на Роналдо би му се допаднало тоа што ќе игра во послаба лига, а од друга страна, и во Лигата на шампионите.

Другата опција за Роналдо, доколку сака да замине од „Олд Трафорд“, е да се врати дома – во Спортинг Лисабон.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови