Португалскиот фудбалски ас, Нани, на 38 години денеска официјално објави дека ја завршува својата играчка кариера.
Во минатите трансфер-периоди, искусниот Португалец се споменуваше како потенцијално засилување за македонскиот прволигаш Гостивар. Сепак, трансферот не се реализираше.
За време на својата успешна кариера, Нани настапуваше за клубови како Спортинг, Манчестер Јунајтед, Фенербахче, Валенсија, Лацио, Адана Демирспор, а последниот клуб за кој играше беше Естрела Амадора.
Во дресот на репрезентацијата на Португалија, тој одигра 112 натпревари и постигна 24 голови, оставајќи значаен печат во историјата на португалскиот фудбал.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













