Connect with us

Поради напад на судијата: Уапсен претседателот на Анкарагучу

Турските власти реагираа експресно и го уапсија претседателот на Анкарагучу, Фарук Коча, поради жесток физички напад на судијата Халил Умут по завршувањето на мечот од Суперлигата на Турција меѓу Анкарагучу и Ризеспор.


Овој неверојатен инцидент е топ – тема не само во Турција, туку и во целиот свет. Покрај него, уапсени се уште две лица кои се осомничени дека учествувале во претепувањето на судијата.

На „тепачот“ Фарук Коча му се заканува затворска казна.

Нападнатиот судија Халил Умут денеска во болница беше посетен и од претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, кој побара виновниците жестоко да бидат казнети.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови