
Македонија ЃП ја совлада Брера со 1-0 во воведниот натпревар од деветтото коло од Првата фудбалска лига. „Лавовите“ заслужено стигнаа до триумф, а стрелец на победничкиот гол беше Јован Попзлатанов во 45.минута.
Величковски претхдно шутираше кон голот на Брера, Алчевски успеа да одбрани, но ја одби топката која дојде до Попзлатанов, кој од втор обид ја заресе мрежата на струмичани.
Брера во вториот дел тргна по израмнување, а најубавата шанса ја имаше Агрон Руфати во 82.минута, кога со удар со глава шутираше кон голот на Македонија ЃП. Сепак, Христијан Стевковски одлично интервенираше и го спаси својот гол.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
