
Нејмаровата сага од 2017 година, кога ПСЖ ja активираше откупнaтa клаузулa од 222 милиони евра, што останува најголемиот трансфер во историјата на фудбалот, сега изгледа се повторува со Винисиус Жуниор и Реал Мадрид.
Саудиската понуда: 1,3 милијарди евра
Според шпанскиот весник „АС“, Саудиската лига е подготвена да понуди рекордни суми за да го доведе Винисиус во своите редови. Ал-Хилал, кој неодамна го раскина договорот со Нејмар и му исплати 65 милиони евра за прекин на соработката, сега е главниот кандидат за доведување на Винисиус.
Понудата за Реал Мадрид изнесува 300 милиони евра, а на самиот играч му се нуди петгодишен договор вреден неверојатни 200 милиони евра годишно. Вкупната зделка би достигнала 1,3 милијарди евра, што би била највисоката трансфер-зделка некогаш видена.
Реал нема намера да го продава, но…
Винисиус моментално е главна ѕвезда на Реал Мадрид и има договор до летото 2027 година. Реал Мадрид нема намера да го продаде својот водечки играч, освен ако тој самиот не побара трансфер. Претседателот Флорентино Перез во минатото покажа дека не сака да задржува играчи кои повеќе не го чувствуваат Реал „со срце“, како што беше случајот со Кристијано Роналдо и Карим Бензема.
Дилемата на Винисиус
Винисиус моментално е среќен во Реал Мадрид и ужива во својата популарност како лидер на тимот. Но, кога некој добива понуда што го става во искушение со такви финансиски суми, одлуката станува сложена.
Саудиските функционери, вклучувајќи го и извршниот директор на лигата, Омaр Мугарбел, најавуваат големи трансфери ова лето, а Винисиус е очигледно главната мета. Сепак, за реализација на оваа зделка ќе биде потребна согласност на играчот и клубот. Доколку Винисиус одлучи да ја разгледа понудата, Реал би можел да се обиде да постигне договор што ќе биде најдобар за клубот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Македонија ЃП го доведе Али Адем
