Фудбалската репрезентација на Македонија на полувреме има водство од 1-0 против Естонија на дуелот од Лигата на нации што се игра на арената „Тодор Проески“ во Скопје. Иван Тричковски во 29.минута ја погоди мрежата на Естонците, откако добро реагираше во противничкиот шеснаесетник.
Стефан Спировски шутираше кон голот, топката дојде до Тричковски кој со еден потег ја смести во мрежата на Хејн. Тој имаше уште една одлична шанса за да ја удвои предноста, но Хејн го одбрани неговиот удар со глава од петерецот. Тричковски имаше и непризнат гол поради офсајд позиција.
И Естонците не беа без шанси. Метс се закани со удар преку себе, Креида шутираше од дваесетина метри, но Шишковски одбрани, а по нашето водство и Сапинен се обиде со лоб удар ама не беше прецизен.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal













