
Иван Перишиќ доаѓа во Хајдук, но не само до крајот на оваа сезона, туку со сплитскиот клуб ќе потпише договор до летото 2025 година. Ова го тврди италијанскиот стручњак за трансфери, Николо Скира, додавајќи дека зделката е договорена и потврдена.
Нешто пред полноќ, Фабрицио Романо, најпознатиот светски експерт за трансфери на фудбалери, напиша за тоа на X (поранешен Твитер). Според неговите информации, Перишиќ треба да пристигне во „Пољуд“ како позајмен играч на Тотенхем до крајот на сезоната.
Неодамна тренерот на Тотенхем, Анге Постекоглу, изјави дека Перишиќ веќе ги одиграл последните минути за лондонскиот тим, со оглед на тоа што договорот му истекува на крајот од сезоната, а под знак прашалник е дали ќе се опорави од тешката повреда на предните вкрстени лигаменти на десното колено. Тој го освои за време на бесконтактен тренинг во септември минатата година.
Перишиќ моментално е на рехабилитација. За Тотенхем одигра 50 натпревари со ефект од еден гол и 14 асистенции.
Перишиќ е голема желба на навивачите на Хајдук, а познато е и дека сплитскиот клуб би сакал да го доведе и со тоа дополнително да ја истакне својата кандидатура за титулата во првенството на Хрватска. Кога се здоби со повреда, Хајдук му посака брзо враќање на теренот со овие зборови: „Кога и да дојдеш, добредојден си, бидејќи ние сме создадени еден за друг. Брзо закрепнување“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ
