Connect with us

Пол Погба потпишува за Монако, ја одби богатата понуда од Ал-Итихад

Поранешната ѕвезда на Јувентус и на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, е пред нов предизвик во својата кариера оти според реномираниот „Ле Паризиен“, 32-годишниот Французин е многу блиску до потпишување договор со Монако.

Двете страни веќе ги усогласиле личните услови, а договорот ќе биде со времетраење од две години. Погба направил значителен финансиски компромис за да го облече дресот на клубот од Кнежеството.

Иако доби примамлива понуда од Ал-Итихад, со значително повисока плата, Погба ја одби Саудиска Арабија и реши да остане во Европа, сакајќи повторно да се изгради како важна фигура на теренот.

Францускиот репрезентативец е без клуб откако Јувентус го раскина договорот со него во ноември, поради суспензија за допинг. Монако сега му нуди втора шанса да се врати на големата сцена.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови