Францускиот првак Пари Сен Жермен одлучи да го отпушти Томас Тухел од тренерската позиција, а неговото место речиси сигурно ќе го заземе Маурисио Покетино. Тој веќе работи во позадина за ангажман на нови фудбалери, а сака најдобриот да дојде во Париз. Лионел Меси е желбата на Покетино, но и на раководството на ПСЖ.
Аргентинецот има само уште шест месеци од актуелниот договор со Барселона, а во јуни инсистираше да го напушти „Камп Ноу“, но не доби дозвола од клубот. ПСЖ има огромна конкуренција во Манчестер Сити. Пеп Гвардиола исто така вложува максимални напори да го доведе Меси на „Етихад“. Тој по завршувањето на сезоната би можел да одбере нова средина без отштета.
Нејмар неодамна најави дека би можел повторно да заигра во ист клуб со Лионел Меси. Тоа најверојатно е големиот план на Пари Сен Жермен.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













