
Заминувањето на Маурисио Покетино од Челси веднаш ги поттикна гласините дека Аргентинецот сега е можеби најголемата закана за позицијата на Ерик тен Хаг во Манчестер Јунајтед. Пред две години Покетино беше еден од кандидатите за менаџерската позиија на „Олд Трафорд“, но тогаш раководството на „црвените ѓаволи“ се реши за Холанѓанецот.
Сега, сепак, иднината на Тен Хаг изгледа неизвесна, а Покетино е слободен.
„Manchester Evening News“ потсетува дека во 2022 година, доверливите луѓе на Сер Џим Ретклиф во INEOS се обиделе да го убедат Покетино да го преземе тогашниот француски клуб Ница, кој исто така е во сопственост на компанијата на британскиот милијардер. Изданието предвидува дека наскоро би можело да има такви разговори за Манчестер Јунајтед и додава дека токму Аргентинецот сега претставува најсериозна закана за и онака неизвесната иднина на Тен Хаг.
„Лондон Ивнинг Стандард“ логично го доведува Баерн Минхен во сценарио, каде исто така активно бараат наследник на Томас Тухел и веќе се соочија со низа одбивања од тренери кои беа посочени како соодветни кандидати за оваа позиција.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
