Тренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино, не е загрижен поради гласините за Мбапе и Нејмар, затоа што тие денеска се смееле на последниот тренинг во пресрет на утрешниот меч со Манчестер Сити во Лигата на шампионите. На натпреварот против Монпелје, се случи мала кавга меѓу Мбапе и Нејмар, односно Французинот се пожали дека бразилскиот ас не му дадава кога се на теренот.
„Тоа се два фантастични лика. Во фудбалот, такви работи се случуваат меѓу фудбалерите кои се конкуренти. Многу врева се крена надвор од клубот, но внатре не се ни почувствува. Разговараа, јас исто така разговарав со нив и тие веќе беа на тренинг, се смееја и се шегуваа“, изјави Покетино.
Тој потенцираше и дека Лионел Меси ќе биде дел од тимот, но се уште не открива дали ќе биде и стартер против Манчестер Сити. Аргентинецот ги пропушти последните два натпревари на ПСЖ поради повреда.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal