
Менаџерот на Челси, Маурисио Покетино, се извини за неговиот испад веднаш по емотивното дерби меѓу неговиот тим и Манчестер Сити. Аргентинецот влета на теренот по последниот судиски свиреж, упатувајќи лути коментари кон Ентони Тејлор, кој му покажа жолт картон.
Неговиот колега Пеп Гвардиола го чекаше да го поздрави, но кога тоа не се случи, Шпанецот си замина во тунелот. Поради ова, Покетино подоцна им се извини на двајцата.
„Морам да му се извинам на Ентони и на другите судии и на четвртиот судија. Во тој момент (ед. кога Тејлор го свиреше последниот свиреж) почувствував дека можеби Рахим може да се пробие и да постигне петти гол. Го заслужив жолтиот картон затоа што ја поминав границата. Ваквото однесување не е добра слика за мене и за фудбалот. Сакам да му се извинам и на Гвардиола бидејќи не го видов во тој момент“, изјави Покетино.
„Нема проблем. Се е в ред. Емоции. Понекогаш ми се случува и мене“, одговори Гвардиола.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal