Францускиот првак Пари Сен Жермен и официјално го претстави Маурисио Покетино за нов шеф на стручниот штаб. Тој доаѓа на местото на Томас Тухел и потпиша договор на 18 месеци, со опција за продолжување на соработката за дополнителна година доколку и двете страни се задоволни од остварените цели.
Покетино го прифати предизвикот да седне на клупата на „светците“, а негов приоритет ќе биде на сопственикот Насер Ал – Келаифи да му го донесе пехарот во Лигата на шампионите. ПСЖ за прв ривал во нокаут фазата од елитното европско натпреварување ја има Барселона, а во француското првенство се наоѓа на третата позиција со 35 бода, но само еден помалку од Лион и од Лил.
Покетино дебито на клупата на ПСЖ ќе го има на 6. јануари, на гостувањето против Сент Етјен во францускиот шампионат.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













