Маурисио Покетино, менаџерот на Челси „намириса“ ново засилување во тимот на Манчестер Јунајтед.
Покетино сака да го доведе Џејдон Санчо кој во јануари ќе го напушти „Олд Трафорд“.
Во клубот повеќе нема место за него, а последниот натпревар го одигра уште во септември против Арсенал.
Оттогаш тој не е дел од составот, а причина е јавната кавга што ја имаше со менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг.
Со оглед дека Санчо не сака да му се извини на тренерот, одлучено е тој да го напушти клубот во јануари и да биде продаден.
Како прв кандидат за негово купување веднаш се истакна Челси, чиј менаџер е голем фан на Џејдон Санчо.
Сепак, навивачите на овој клуб на социјалните мрежи го молат Покетино да не го прави тоа и да не го носи на „Стемфорд бриџ“
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













