Играчот од средниот ред на Јувентус, Пол Погба, го изрази своето задоволство од неговото враќање во тимот и ги пофали некои од своите нови соиграчи. Тој исто така откри дека неуспешно се обидел да го убеди својот пријател Пауло Дибала да остане во гигантот од Торино.
„Многу ми е драго што се вратив овде. Сите ме натераа да се чувствувам како дома, дури и тренерот е ист. Немам веќе 22 години, а кога имаш семејство и обврски, толку многу учиш во животот. Се променив и физички, сега сум многу помускулест. Разговарав многу со Пауло и го замолив да остане за да играме уште малку заедно, но тој ми рече дека веќе е доцна и дека требало порано да му се јавам. Цело време се шегуваме со него. Се надевам дека ќе биде среќен и дека ќе почувствува дека ја донесе вистинската одлука со трансферот во Рома“, изјави Пол Погба.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













