Манчестер Јунајтед изминатиов викенд доживеа дебакл, беше поразен на „Олд Трафорд“ од Ливерпул со 0-5, а Пол Погба, еден од најдобрите играчи на „црвените ѓаволи“, побарал да го напушти клубот веќе во јануари, пренесуваат британските медиуми.
Истите извори наведуваат дека тој се понудил на Реал Мадрид и на Пари Сен Жермен, а цената ќе биде само 20 милиони фунти, бидејќи договорот со Манчестер Јунајтед му истекува следното лето.
За неговите услуги е заинтересиран и Јувентус, но прашање е дали „старата дама“ може да ја поднесе висината на платата што ќе му ја понудат овие два европски гиганти.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













