Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс, се појави на суд под обвинение за напад и насилна контрола на неговата поранешна девојка. 48-годишниот стратег, кој до неодамна ја водеше репрезентацијата на Велс, се изјасни за невин по обвиненијата, што може да доведе до максимална казна од пет години затвор.
Денешното судење во Високиот суд во Манчестер започна во 08:30 часот, а претседаваше судијката Хилари Менли. Случајот се очекува да трае десет дена.
Гигс е осомничен дека на 1 ноември минатата година ја претепал 36-годишната Кејт Гревил во нејзиниот дом во Манчестер. Поранешниот селектор на Велс е обвинет и за насилно однесување кон неа во периодот од декември 2017 до ноември 2020 година.
Гигс ќе одговара и на обвинението за претепување на помладата сестра на Гревил, Ема, во истиот инцидент на 1 ноември.
Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед беше уапсен од полицијата во ноември 2020 година и пуштен со кауција. Тој ги отфрли обвиненијата и се изјасни за невин на неговото прво појавување на суд во април минатата година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













