Connect with us

Почна судењето на Дани Алвеш: Му се суди за силување, а му се закануваат и до 12 години затвор (ВИДЕО)

Почна судењето на Дани Алвеш (40), поранешниот бразилски фудбалер кој е обвинет за силување. Според многумина, најдобриот десен бек во историјата на фудбалот, кој во кариерата освои 43 трофеи, беше обвинет дека силувал 23-годишна жена на 30 декември 2022 година во ВИП делот на ноќен клуб во Барселона.


Обвинителството против Дани Алвеш има голем број форензички и видео докази и изјави на сведоци. Тие тврдат дека на споменатиот датум Алвеш ја поканил жртвата и нејзините пријатели, ги почастил со пијачки, а потоа ја однел девојката во тоалетот, единствениот дел од ноќниот клуб кој не бил покриен со камери.


Наводно и побарал орален секс, што таа го одбила, па тој ја силувал, а потоа го напуштил клубот. Девојката веднаш го пријавила настанот во полиција. Лекар ја прегледал, а полицијата почнала со истрага.


Дани Алвеш се соочува со 12 години затвор, а откако првпат беше испрашуван во јануари 2023 година, неколку пати го менуваше своето сведочење. Прво рекол дека никогаш не ја запознал жртвата, а потоа изјавил дека бил со неа во тоалетот, но ништо не се случило.


Во третата приказна признал дека имале орален секс, а во четвртата дека имало и консензуален секс, но тоа не сакал веднаш да го каже за да не дознае неговата сопруга. Сега, откако смени тројца адвокати, вели дека бил премногу пијан за да знае што прави.


Судењето, во кое наводната жртва ќе сведочи скриена зад завеса и гласот ќе и биде променет, започна денеска и се очекува да трае три дена.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови