Connect with us

Почина Џанлука Вијали

Џанлука Вијали, големиот голгетер и шампион со Сампдорија, Јувентус, Челси и италијанската репрезентација, почина на 58-годишна возраст по повеќе од пет години борба со канцер на панкреасот. Најблиските пријатели, но и огромниот број негови фанови се простуваат од легендарниот напаѓач.


Вијали ја започна професионална кариера во Кремонезе, а потоа играше и во најголемите европски клубови.


Тој одигра 673 натпревари во клупскиот фудбал и постигна 259 голови. Тој освои два италијански шампионати, по еден трофеј со Сампдорија и со Јувентус, потоа Лигата на шампионите и Купот на УЕФА со Јувентус, додека Купот на победниците на куповите го освои со Сампдорија и со Челси. Тој освои четири Купа на Италија (три со Сампдорија, еден со Јувентус) и еден ФА Куп и Лига Куп со Челси.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови