Томас Тухел имаше триумфално деби на клупата на Англија, откако неговата селекција славеше со 2-0 над Албанија. Луис Скели стана најмлад дебитант-стрелец во историјата на англиската репрезентација, постигнувајќи го првиот погодок на мечот, а конечните 2-0 ги постави Хари Кејн во второто полувреме, на асистенција на Деклан Рајс.
Фудбалерите на БиХ стигнаа до значајни три бода, откако на гостински терен ја изненадија Романија со 0-1. Под водство на новиот селектор Сергеј Барбарез, Босанците поведоа во 14. минута преку Гиговиќ и успеаја да ја задржат минималната предност до крајот на натпреварот.
Полска славеше минимално против Литванија со 1-0, благодарение на голот на Роберт Левандовски девет минути пред крајот. Финска како гостин стигна до три бода против Малта (0-1), со погодокот на Антман во 38. минута.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal













