
Француската легенда Мишел Платини, кој беше и претседател на УЕФА, изрази мислење дека капитенот на националниот тим на Франција, Килијан Мбапе, е „изгубен на теренот“ поради неговите последни настапи со Реал Мадрид. Платини, кој беше во посета на Музејот на спортот во Ница, зборуваше за „Л’Екип“.
„Мислам дека е изгубен на теренот. Голем шампион треба постојано да воскреснува од пепелта. Тоа може да го направи Килијан голем шампион“, изјави европскиот шампион од 1984 година.
Килијан Мбапе имаше тежок натпревар во гостувањето на Реал Мадрид кај Ливерпул, кое заврши со пораз од 0-2. Освен што не успеа да постигне гол, Мбапе промаши и пенал кој можеше да му донесе израмнување на резултатот на шпанскиот гигант.
Во последните шест натпревари на Реал Мадрид, Мбапе има постигнато само еден гол – во победата над Леганес со 3-0 минатиот викенд.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Јасмин Мециновиќ го засили Работнички

Евро-фудбал
Њукасл и Арсенал во трка за Нони Мадуеке

Евро-фудбал
Кепа Аризабалага потпиша за Арсенал
