Швајцарскиот суд во прва инстанца ги ослободи поранешните претседатели на УЕФА и ФИФА, Мишел Платини и Сеп Блатер, во случајот со спорното плаќање од два милиона швајцарски франци, кое доведе до нивна забрана за работа во фудбалот.
Сепак, конечната одлука ќе ја донесе Вонредниот апелационен суд на 25 март во Мутенц. Доколку бидат прогласени за виновни, им се заканува затворска казна до пет години.
Обвинителот Томас Хилдбранд побара условна затворска казна од 20 месеци, тврдејќи дека Платини користел „лажна фактура“ за работа што веќе била платена во периодот од 1998 до 2002 година.
Судот оцени дека е „невообичаено“ договор со толкава вредност да биде направен без писмен доказ или сведоци, но бидејќи измамата не беше докажана со сигурност, Платини и Блатер беа ослободени.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Наполи „заглави“ дома против Парма
Евро-фудбал
Ливерпул нуди 184 милиони евра за Џуд Белингам!
Евро-фудбал
Дарвин Нуњез доаѓа во Фенербахче?













