Тренерот на италијанскиот Милан, Стефано Пиоли, призна дека тимот е разочаран што ќе го прекине учеството во Лигата на шампионите оваа сезона. Милан го победи англискиот Њукасл со 1-2 на гости во нивниот последен натпревар од групата Ф, но заврши на третото место со 8 бода, зад второпласираниот Пари Сен Жермен поради послаба гол-разлика.
Борусија Дортмунд и Пари Сен Жермен се пласираа во осминафиналето, Милан ќе игра во Лига Европа, а Њукасл е надвор од европските натпреварувања.
„Разочарани сме што го завршивме патувањето во Лигата на шампионите. Дефинитивно сакавме да продолжиме. Беше убава вечер. Знаевме дека групата е тешка, но верувам дека заслуживме повеќе“, изјави Пиоли за „Скај Спорт“.
„Требаше да ги искористиме нашите шанси на другите натпревари. Направивме сѐ што можевме вечерва. Јасно е дека сме разочарани“, додаде тренерот на миланскиот гигант.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













