Милан ќе бара враќање на победничките патеки по поразот со 3-0 од Челси во Лондон во групната фаза од Лигата на шампионите. Шампионот на Италија е домаќин на Јувентус и мора да го добие овој натпревар, изјави главниот тренер на „росонерите“ Стефано Пиоли.
„Кај нас постои желба и решеност да одиграме подобро од она што го покажавме против Челси. Но, тоа не значи дека ќе победиме во натпреварот – да не заборавиме каков тим Јувентус се и какви цели има. Ние мораме да дадеме се од себе за да успееме“, категорично изјави Пиоли.
Милан ќе биде без дефанзивецот Давиде Калабрија и играчот од средниот ред Алексис Салемакерс, кои се повредени и би можеле да бидат надвор од терените до следната година.
„Никогаш немало толку напорна сезона. Повредите на мускулите се зголемени за 20 проценти. За жал, имавме повреди и на меѓународните натпревари“, додаде Пиоли.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













