
Репрезентацијата на Србија одигра нерешено 3-3 против Камерун во второто коло од групната фаза на Мундијалот, иако на почетокот на вториот дел водеше со 3-1.
На многумина не им беше јасно зошто селекторот Стојковиќ не направи некои други потези со измени во вториот дел од играта, но и како Србија дојде во позиција да прими голови од противнапади кога имаше водство.
„Најинтересниот натпревар за гледање, а како е за нас тренерите, знаеме само ние. Се чувствувам фрустрирано, бидејќи по водството на Камерун го најдовме нашиот начин на игра, имавме голема предност и треба да бидете паметни за да ја сведете играта така како што сакате. Повторно скапо не чинеа некои грешки, тој втор и трет гол на Камерун, апсолутно непотребно одење напред од последната линија, обид да се направат некои офсајди, што е забрането во врвниот фудбал. Можевме да победиме, за нијанса сме подобри од Камерун, но резултатот вели дека е 3-3, одиме понатаму“, изјави селекторот на Србија, Драган Стојковиќ Пикси.
Слично размислува и капитенот на Србија, Душан Тадиќ.
„Буквално, ролеркостер, имаме се под контрола и ни се случуваат два удари. Неверојатно. Но, мора да бидеме позитивни. Имаше и добри работи, се надевам дека Бразил ќе победи и дека ќе покажеме карактер кога е најтешко, како што правевме досега. Офанзивната игра радува, можевме да постигнеме повеќе голови, дека ќе влезе кога ќе биде најпотребно. Не знам што да кажам, можеби ни треба подобра комуникација меѓу играчите, да разговараме и да знаеме што точно се случува. Тоа го очекувам од секој од нас“, изјави Тадиќ.
Селекторот Стојковиќ потоа се надоврза со коментар за пропуштените прилики.
„Успеавме да создадеме колосални шанси, Митровиќ имаше една статива и не знам како таа шанса успеа да се пропушти. Имаше добри напади и тоа ме радува, ние сме тим кој може да создава шанси. Тоа ме радува, но тоа што примивме три гола, тоа мора да го анализираме, како да го решиме во иднина. Имавме принудни замени, Павловиќ и Вељковиќ, тоа не е алиби, но се чувствувам виновен што морам да менувам играчи поради повреди“, изјави Стојковиќ.

-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Сонот на Меси, страста на Мароко и демократијата на Катар
Светското првенство функционира секогаш и секаде. Нема ништо слично, тоа е најразновидниот настан во...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Играат добро, ама бадијала – ако не победуваат!
Каде бевте? На натпревар. Што направивте? Игравме добро. Не, не, што направивте? Резултат…Загубивме. Ама,...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
„Роналдо ќе се врати да игра во Европа“

Евро-фудбал
Херта му даде отказ на Фреди Бобич

Евро-фудбал
Шкриниар потпишал за ПСЖ

Интернационалци
Виктор Ангелов потпиша за Глорија Бузау

Евро-фудбал
На „Камп Ноу“ стравуваат за повредата на Дембеле

Евро-фудбал
Монако ја прекина серијата на Марсеј (ВИДЕО)

Втора лига
Пелистер подобар од Караорман на првиот тест

Евро-фудбал
Валенсија сака да го доведе Саул Нигез

Евро-фудбал
Гвардиола: Каква сезона има Нејтан Аке!

Евро-фудбал
Сити го исфрли Арсенал од ФА купот (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Кејлор Навас оди на позајмица во Нотингем Форест

Евро-фудбал
Монако ја прекина серијата на Марсеј (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Аталанта подобра од Сампдорија (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Педри донесе триумф за Барса (ВИДЕО)

Интернационалци
Убав гол на Барди, пораз на Трабзонспор (ВИДЕО)
