Connect with us

Петмина фудбалери на Белгија одбиле да си одат дома со тимот

Репрезентацијата на Белгија e едно од најголемите разочарувања на Светското првенство во Катар. По елиминацијата во групната фаза, поделбите и расколот во селекцијата продолжуваат и на патот кон дома.


Петмина фудбалери одлучиле да не патуваат со тимот дома и си платиле индивидуални авионски билети. Станува збор за Томас Муние, Аксел Витсел, Џереми Доку, Артур Тете и Луис Опенда.


Селекцијата на Белгија во овој момент е и без селектор, откако Роберто Мартинез по елиминацијата поднесе оставка.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови