Рафаел Варан има уште една година од договорот со Реал Мадрид, а неговата иднината останува непозната, со оглед на тоа што Французинот сѐ уште нема започнато преговори околу негово продолжување. Како што делува, претседателот на “кралскиот клуб” и на Суперлигата, Флорентино Перез, нема да прифати никакви отстапки за ниту еден свој фудбалер.
“Среќен сум со оние фудбалери што ги имаме во тимот. Што се однесува до Варан, ако некој не сака да остане во Реал, слободно може да си замине”, категорично одговори Перез во интервју за шпанска телевизија.
По 10 години поминати во белиот дрес, францускиот дефанзивец сега се поврзува со заминување од Мадрид, а ова може да го доведе клубот во незгодна позиција, со оглед на тоа што и капитенот, Серхио Рамос најверојатно ќе го напушти Реал ова лето.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













