Суперлигата официјално издаде соопштение дека новото фудбалско натпреварување е ставено во мирување. Сепак, во реакцијата на Суперлигата се вели дека ќе биде направена реконфигурација за проектот да се адаптира на новите услови. Флорентино Перез смета дека тоа е иднината на фудбалот.
Реал Мадрид, Барселона, Атлетико Мадрид, Јувентус, Интер и Милан остануваат на одлуката за новото европско натпреварување бидејќи како што се вели во соопштението „постоечкиот систем е нефункционален“. Во реакцијата уште се потенцира дека повлекувањето на шесте клуба од Премиер-лигата не менува ништо во плановите.
„Нашиот предлог има за цел да му дозволи на спортот да се развива со тоа што ќе генерира ресурси и стабилност за целата фудбалска пирамида вклучувајќи го тука и надминувањето на финансиските тешкотии со кои се соочува целата фудбалска заедница, а кои се резултат на пандемијата на коронавирусот. Ќе обезбедиме солидарен фонд кој ќе им даде помош на сите кои ќе бидат заинтересирани“ – се вели во соопштението од Суперлигата.
Од Суперлигата уште потенцираа дека се сигурни оти нивниот проект е комплетно во согласност со европската законска регулатива што било потврдено и со одлуката на шпанскиот суд кој реши дека „Суперлигата е заштитена од санкции од трети страни“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Даниеле де Роси ќе биде нов тренер на Џенова













