Пеп Гвардиола е избран за најдобар менаџер во Премиер – лигата за изминатата сезона. Менаџерот на Манчестер Сити ја освои наградата по петти пат во кариерата. Повеќе пати наградата била во посед само на Сер Алекс Фергусон – 11.
Гвардиола ги предводеше „граѓаните“ до титулата рекорден четврти пат по ред. Во последните седум сезони, тимот од „Итихад“ стана шампион шестпати. Повеќе титули од каталонскиот стручњак има само Алекс Фергусон – 13.
„Би сакал да ја споделам наградата, особено со Микел Артета за неговата неверојатна работа и што не следеше со Арсенал до последниот натпревар. Се разбира, и со Јирген Клоп поради незаборавната конкуренција долги години. И со тоа што Унаи Емери направи нешто речиси неверојатно, ја одведе Астон Вила во квалификациите за Лигата на шампионите. И со Андони Ираола за сѐ што направи со Борнмут во првата сезона во Премиер – лигата по тешкиот почеток“, изјави Гвардиола.
„За мене е голема чест да работам во конкуренција со сите нив и да ја освојам оваа награда. Ќе се обидам да ја одбранам и во иднина“, изјави менаџерот на Манчестер Сити.
Our boss! 🌟
— Manchester City (@ManCity) May 21, 2024
@PepTeam is the 2023/24 @premierleague Manager of the Season 🏆 pic.twitter.com/JK4mmHwDW0
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













