
Без изразит фаворит за освојување на титулата стартува новата сезона во Втората лига – Запад. Но, со неколку екипи кои без сомнение силно ќе атакуваат на прволигашката промоција.
Пелистер, Велазерими, Гостивар и Лабуништа се со најголеми амбиции за освојување на врвот најавувајќи израмнета и неизвесна трка до самиот крај на шампионатот. Но, фаворитската улога ќе мора во континуитет да ја докажуваат на терен. Колку се подготвени за тоа ќе се види уште денеска на дуелите од првото коло.
Од позадина за врвот, не нагласено но сериозно амбициозно, ќе атакува и новиот второлигаш Охрид Лихнидос кој со елиминацијата на Беласица во 1/16-финалето од Купот на Македонија јасно покажа дека има потенцијал за изненадување.
ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД (1. КОЛО, денеска 17 ч.)
Битола: ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР ФОРИНО
Гостивар: ГОСТИВАР – ДРИТА
Дебар: КОРАБИ – СКОПЈЕ
Охрид: ОХРИД ЛИХНИДОС – ВЕЛАЗЕРИМИ
Кадино: КАДИНО – ЛАБУНИШТА

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Тренерот на Болоња заврши во болница
