
Светскиот шампион со Аргентина, Алехандро Папу Гомез е казнет со суспензија во период од две години поради, пренесува шпанското издание „Релево“.
Причината е позитивен допинг тест на забранета супстанца, бидејќи 35-годишниот фудбалер го дал предметниот примерок во ноември минатата година, т.е. денови пред почетокот на Светското првенство 2022. Ова се случило за време на изненадувачки допинг тест во клупската база на Севилја, додека Папу Гомез се уште беше играч на Андалузијците.
Според верзијата на самиот фудбалер, неколку дена пред да го даде примерокот, тој имал лоша ноќ, поради што без консултација со клупските лекари пиел медицински сируп наменет за едно од неговите деца. Ваквото однесување не е дозволено од антидопинг властите, па оттука и неговата сегашна казна.
Крилото и Севилја беа свесни за проблемот со месеци откако беа известени за позитивниот допинг тест, но дури оваа недела беше изречена двегодишната суспензија.
Токму овој инцидент го спречи Папу Гомез да најде нов тим цело лето и тој на крајот го раскина договорот на последниот ден од преодниот рок, иако требаше да истече за една година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Јасмин Мециновиќ го засили Работнички

Евро-фудбал
Њукасл и Арсенал во трка за Нони Мадуеке

Евро-фудбал
Кепа Аризабалага потпиша за Арсенал
