Најдобриот македонски фудбалер и сопственик на прволигашот Академија Пандев, Горан Пандев, во интервју денеска ги доoбјаснува ставовите искажани во вчерашната објава на социјалните мрежи. Пандев смета дека крајно време е клубовите да ја преземат одговорноста за прволигашкото натпреварување, а не како што вели тоа да го прават некои аматери од Федерацијaта.
„Секаде во светот одлучуваат клубовите. Не може некои луѓе да даваат пари, па да дојде Трајко, Петко и некој друг да одлучуваат за клубовите“, вели фудбалерот на Џенова. „Мислам редно време е клубовите да ја преземат одговорноста и јавно да кажат дека тие треба да ја водат македонската лига, оти тие се сопственици на клубовите, дават пари и мислам не треба да се молчи, треба да се излезе јавно и да се кажат како стојат работите во Федерацијата. Очигледно на некои им одговара така како што стојат работите, имаат загарантирано место во Европа. Се знае кој ќе испадне, а кој ќе влезе и така со години си го терат мак- фудбалот. Секоја чест за репрезентацијата и условите, но зборувам за клупскиот фудбал, за Прва лига и редно време е веќе клубовите да ја преземат одговорноста и јасно да кажат дека вака не може да продолжат да се натпреваруваат во нашата аматерска лига, бидејки ја водат луѓе аматери од Федерацијата“ – вели Пандев.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ерик тен Хаг се враќа на кормилото на Ајакс?
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













