
Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев и официјално стави крај на играчката кариера. Поранешниот капитен на македонската репрезентација својата одлука ја соопшти за италијанските медиуми, а потоа се обрати и преку социјалните мрежи.
„Погледнувам назад и се уште не ми изгледа реално. Тоа беше неверојатно патување. Толку многу емоции носам во себе и сакам да ги споделам со сите што ме поддржуваа во оваа патување….Им благодарам на моето семејство сопругата Надица, децата Филипо, Ана и Софиа кои ми беа нај големата поддршка…Им благодарам на моите родители и на мојот брат што ми овозмозија да го остварам мојот сон….Им благодарам на менаџерската агенција Бранкини, без вас не ќе можев да го направам сето ова….Им благодарам на сите тренери претседатели, директори за нивната доверба и за се што научив од нив…Им благодарам на сите мои фанови од прв до последен сакам сите да ве гушнам….Завршува едно прекрасно поглавје….Во мене носам едно големо богатсво на емоции и среќен сум што го споделив со вас…Со цело мое срце….Горан“, објави Пандев.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Едиз Спахиу на радарот на Сиваспор

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез
