Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Горан Пандев, доби дозвола од лекарскиот тим на Џенова и доаѓа на собирот на националниот тим во пресрет на стартот на квалификациите за СП 2022 во Катар. Тој е убава вест за селекторот Игор Ангеловски кој се соочува со неколку откази поради позитивни случаи на Ковид-19 и повреди на фудбалерите.

Оттаму Ангеловски размислува да повика тројца нови фудбалери. Агим Ибраими, искусниот фудбалер од средниот ред кој игра одлично во Кукс и е најдобар стрелец во првенството на Албанија, ќе добие повик да му се приклучи на А-тимот. Исто така, Ангеловски има упатено дополнителни повици и за Никола Ѓорѓев и за Стефан Ашковски.
Од првичниот список од 26 имиња, отпаднаа Ѓоко Зајков и Тихомир Костадинов, а повреден е Иван Тричковски. Аријан Адеми исто така е повреден, но ќе пристигне на собирот на националниот тим.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













