Шест ѕвезди од поранешните југословенски простори за српскиот медиум „Информер“ гласаа во изборот на најдобрите ју-тим на денешницата, а Дарко Панчев и Владимир Југовиќ ги вметнаа Елиф Елмас и Стефан Ристовски во својот избор.
Дарко Пандев смета дека Елиф Елмас треба да има место во најдобриот тим составен од фудбалери од поранешна Југославија, додека Југовиќ гласаше за капитенот на македонскиот национален тим, Стефан Ристовски. Сепак, во финалниот избор, кој е микс на предлози од шесте ѕвезди од шесте земји кои во минатото припаѓаа на Југославија, Дарко Панчев, Предраг Мијатовиќ, Мехмед Баждаревиќ, Владимир Југовиќ, Томислав Ивковиќ и Златко Заховиќ – нема Македонци.
Идеалниот тим, според Дарко Панчев, е следниот: Облак, Врсаљко, Савиќ, Павловиќ, Перишиќ, Елмас, Модриќ, Ковачиќ, Тадиќ, Митровиќ, Влаховиќ.
Владимир Југовиќ го предложи следниот тим: Хандановиќ, Ристовски, Савиќ, Миленковиќ, Костиќ, Брозовиќ, Модриќ, Лазовиќ, Тадиќ, Влаховиќ, Џеко.
На крајот, Елмас и Ристовски останаа на резервната клупа, а избран е најдобриот тим: Облак, Врсаљко, Савиќ, Миленковиќ, Гвардиол, Модриќ, Брозовиќ, Тадиќ, Перишиќ, Митровиќ, Џеко.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal