Грчкиот гигант Панатинаикос сака да го доведе македонскиот репрезентативец Иван Тричковски како засилување за следната сезона, пишуваат медиумите кај нашиот јужен сосед. Еден од двата најголеми клубови во Грција се обидува да го врати поранешниот сјај, а за нов тренер го ангажираше српскиот стратег Иван Јовановиќ.
Тоа е тренерот со кој Тричковски своевремено имаше одлична соработка во АПОЕЛ и сака повторно да го има во тимот, сега на Панатинаикос. Јовановиќ беше тренер на Тричко и во Ал Наср.
Иван Тричковски израсна во клупска легенда на АЕК Ларнака, постигна повеќе од 80 гол во последните пет сезони, а има уште една година од актуелниот договор. Но, Панатинаикос силно го посакува во своите редови.
Покрај понудата од Грција, Иван Тричковски има понуда и за заминување во Обединетите Арапски Емирати. Во моментот тој е фокусиран на настапот на фудбалската репрезентација на Македонија на Европското првенство.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













