Connect with us

Пабло Сарабија го засилува Вулверхемптон

Напаѓачот на Пари Сен Жермен и шпански репрезентативец Пабло Сарабија е нов член на англискиот премерлигаш Вулверхемптон.


Сарабија одлучи да премине во Премиер – лигата пред се затоа што „волците“ ги предводи неговиот фудбалски татко, Хулен Лопетеги. Парижаните добиваат фиксна отштета од 5 милиони евра, плус дел од лесно достапни бонуси.

Договорот на Сарабија е до 2025 година, со опција за уште една дополнителна година.
Сарабија (30), кариерата ја започна во Реал Мадрид, а играше и за Хетафе, Севилја, Пари Сен Жермен и за Спортинг Лисабон.

За шпанската репрезентација настапи 26 пати и постигна девет гола.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови