Германскиот интернационалец Месут Озил е пред потпис на договор со турскиот гигант Фенербахче. Тој ги има договорено деталите за новиот договор, ќе склучи „дил“ на две и пол сезони, а од тоа го дели само официјалниот раскин со Арсенал.
Агентот на Озил е во Лондон, ги води последните преговори околу разделбата со „топчиите“, а медиумите на Островот најавуваат дека се треба да биде разрешено до крајот на викендот, можеби и порано. Месут Озил би можел в понеделник да стави потпис на договорот со Фенербахче и да му се приклучи на новиот клуб.
32-годишниот играч за врска нема одиграно натпревар за Арсенал од март кога менаџерот Микел Артета одлучи да го „замрзне“ неговиот статус во тимот. Тој дојде во Арсенал во 2013 година од Реал Мадрид, одигра 254 натпревари за „топчиите“, постигна 44 гола и забележа 77 асистенции.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













