Поранешниот англиски напаѓач Мајкл Овен го критикуваше Хари Кејн за неговата одлука да премине во Баерн Минхен минатото лето. Според него, ова било грешка, судејќи според резултатите на тимот оваа сезона.
„Кога му се приклучи на Баерн, уште тогаш мислев дека тоа е грешка. Да ме интервјуиравте пред три или четири месеци, ќе кажев дека тоа е фантастично предвидување со оглед на тоа колку се назад на табелата“, истакна Мајкл Овен.
„Сè уште верувам дека згреши. Кога го напуштив Ливерпул за да заминам во Реал Мадрид, тие беа просечен тим во последните 25 години. Но, потоа ја освоивме Лигата на шампионите. Да останеше во Тотенхем, Кејн можеше да биде најдобар стрелец на сите времиња и ќе играше во многу возбудлив тим кој секако би бил во Топ 4 со негова помош. Сега би бил на четири натпревари од тоа да стане слободен агент и да може да прави што сака“, додаде Овен.
Баерн Минхен оваа сезона остана без ниту еден освоен трофеј, а Хари Кејн важи за „малер“ кога е во прашање освојувањето на титулите.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













