Марсело официјално стави крај на својата блескава фудбалска кариера и заминува во пензија како еден од најголемите леви бекови на сите времиња.
Два дена по објавата на својата одлука, 36-годишниот Бразилец пристигна во Мадрид, каде што на преполниот „Сантијаго Бернабеу“ му беше приредено емотивно испраќање.
Marcelo honoured by Real Madrid.
— TC (@totalcristiano) February 8, 2025
Thank you. 🤍 pic.twitter.com/44agzfT0Tb
Пред почетокот на дербито против Атлетико, Марсело последен пат зачекори на теренот и доби специјален подарок од Лука Модриќ, кој му оддаде почит поклонувајќи му се.

Со 721 одигран натпревар, 58 голови и 117 асистенции, Марсело беше незаменлив дел од Реал Мадрид во текот на 16 години. За тоа време освои пет титули во Лигата на шампионите, шест трофеи во Ла Лига, два Купа на Кралот, пет трофеи во Суперкупот на Шпанија и три титули на Светското клупско првенство.
Кариерата ја започна во Флуминенсе, клубот каде што ги направи првите фудбалски чекори, а во завршната фаза накратко настапуваше и за Олимпијакос.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













