Шкендија загуби на Чаир од Шкупи со 1-0, а тренерот Ќатип Османи истакнува дека главниот проблем лежи во слабата реализација на шансите на неговиот тим.
„Честитки за триумфот на Шкупи. Во првиот дел играта беше израмнета, а пресуди пеналот за Шкупи. Во второто полувреме имавме неколку одлични шанси, но не успеавме да ги реализираме. И токму тоа е главната причина за нашиот пораз. И против Беласица не бевме доволно ефикасни, според шансите што ги создадовме. Сега треба добро да ги анализираме причините и да реагираме како шампиони веќе на следниот натпревар“, изјави Ќатип Османи.
Шкендија има осум бода предност во однос на Академија Пандев и на Вардар, на врвот на табелата во Првата фудбалска лига.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













