Македонскиот првак Струга Трим Лум утре (17 часот) во Охрид ќе го одигра првиот натпревар од второто квалификациско коло на Конференциската лига против тимот на Пјуник.
Стружани го продолжија патувањето во Конференциската лига, каде што ќе се соочат со шампионот на Ерменија, Пјуник. Тоа е добро познато име, бидејќи редовно игра во Европа, а во минатото имал често да игра и со тимови од нашата земја.
Од вкупно осум натпревари против екипите од елитата на македонскиот фудбал, Пјуник забележал пет победи и три нерешени резултати, сѐ уште нема пораз.
Тренерот Ќатип Османи зборуваше на прес-конференција во пресрет на овој натпревар, кој ќе се одржи на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид.
„Тие се многу дисциплинирана екипа, многу борбена. Двата последни натпревари што ги одигра против Динамо Минск, се обидуваат да играат цврсто во одбрана, заканувајќи се со брзи контранапади. Станува збор за многу квалитетен тим, но сепак мислам дека имаме квалитет да го елиминираме Пјуник“, изјави тренерот Ќатип Османи.
„Тимот е комплетен, под прашање е само еден играч, кој поради физичка подготовка не е сигурно дали ќе може да игра од почетокот, но сепак како тим сметам дека сме подготвени за утрешниот натпревар“, додаде Османи.
„Тоа е прв натпревар и секако приоритет ни е победа, и тоа што поубедлива, но секако дека треба да бидеме внимателни затоа што се два натпревари и секако станува збор за тим кој различно игра како домаќин и како гостин. Од овој аспект треба да бидеме внимателни и ние како домаќини“, заврши Османи, кој утре против Пјуник ќе дебитира во квалификациските натпревари на Конференциската лига.
Досега, Османи со тимовите што ги предводел, учествувал само во квалификациските натпревари на Лига Европа и на Лигата на шампионите, каде што вкупно има 28 натпревари.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski